Капитенот на Барселона, Лионел Меси е непоколеблив дека не жали ништо по минатата сезона, во која тимот доживеа дебакл од Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Аргентинецот го даде традиционалниот говор пред дуелот за трофејот „Жоан Гампер“, повторувајќи ја неговата закана од минатата година, кога им вети на навивачите дека Каталонците ќе ја освојат ЛШ.
– Вистината е, тешко е денеска да кажам нешто по минатата сезона. Не ми е жал за ништо. Ќе го повторам истото што го кажав пред минатата сезона. Верувам во овој тим, во овие играчи и во тренерскиот штаб. Не се сомневам дека заедно повторно ќе се бориме за сè. Последната кампања заврши на горчлив начин, но мора да ја цениме титулата што ја освоивме. 8-ма титула за 11 години! Во кој било друг клуб ова би било грандиозно. Можеби не се цени ова доволнот, но овој клуб секогаш се бори за сè. Оваа година нема да биде поинаква. Имаме нови надежи и сметам дека и вие исто. Да живее Барса, да живее Каталонија – рече Меси.