Педијатрите предупредуваат: децата се дават во целосна тишина!

Мислите дека лицето кое се дави се обидува да привлече внимание со викање, плескање по вода и мафтање? Не баш, велат стручњаците

3041

Давењето не е драматично, како што мислат повеќето луѓе. Лаиците сметаат дека давењето изгледа како во филмовите, но вистината е потполно поинаква: децата често знаат да се удават во тишина, вели педијатарот Улф Бухлиген од универзитетската болница во Лајпциг.

Тие потонуваат брзо и молчешкум затоа што парализирани од страв не стасуваат да повикаат помош, објаснува тој.

Кога детето се дави тоа прави сѐ за да дојде до воздух. Со мака се обидува да ги одржи носот и устата над површината на водата, а рацете се најчесто исружени во водата и не се во воздух, затоа што на тој начин телото се обидува да се одржи над површината на водата. Истакнува и дека најголема опасност не е длабочината на водата туку нејзината достапност.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...