Менаџерот на Шумахер тврди дека неговата сопругата ја крие вистината од јавноста

Корина неодамна зборуваше за магазинот „She“ за тоа колку ѝ значи нејзиниот сопруг.

1637

Поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, на кого му е забрането да го посетува легендарниот возач на Формула 1, Вилхелм Вебер тврди дека сопругата на Шумахер, Корина ја крие од јавноста вистината за неговата здравствена состојба, како и дека се плаши да не излезе сè на виделина.

– Жал ми е што не можам да го видам, да му ја стиснам раката. Не знам во каква состојба е во моментов. За жал, Корина ја одби мојата молба да го посетам, очигледно е дека се плаши да не се дознае вистината. Искрено се надевам дека Михаел ќе биде добро, тој е голем борец. Ако постои и најмала шанса, тој ќе го искористи – рекол Вебер.

Да потсетиме, Корина неодамна зборуваше за магазинот „She“ за тоа колку ѝ значи нејзиниот сопруг.

– Направи сè за мене, не сум заборавила кому треба да се заблагодарам на ова, на мојот сопруг Михаел. Ме научи една лекција: „Кога возиш автомобил, можеш едноставно да го оставиш во гаражата потоа. Но, коњот мора да го има твоето внимание цело време, дури и во неделата. Кога имав 30 години многу сакав коњ, Михаел и јас отидовме во Дубаи каде купивме еден арапски коњ – рекла Корина за спомнатиот магазин, а ја пренесоа водечките светски медиуми со информацијата дека станува збор за првата јавна изјава на сопругата на Михаел Шумахер од несреќата во 2013 година. Корина Шумахер денес има дури 40 коњи на две фарми, во Швајцарија и во Тексас.

Михаел Шумахер (50) од несреќата досега не е виден во јавност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...