Менаџерот на Роналдо: Модриќ најдобар? Смешно!

258

Изборот на Лука Модриќ за најдобар фудбалер на годината од страна на УЕФА, предизвика негодување кај менаџерот на Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш.

– Модриќ најдобар? Тоа е смешно. Роналдо го предводеше Реал. Постигна 15 гола во Лигата на шампионите. Цел овој избор е срамен. Фактите на теренот кажуваат сѐ – изјави Мендеш.

Хрватскиот репрезентативец покрај наградата за најдобар играч во 2018 година, го доби и признанието за најдобар фудбалер од средниот ред.

Роналдо беше прогласен за најдобар напаѓач, но тој не се појави во Монте Карло да ја прими наградата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...