Тимот на Мекларен го претстави новиот автомобил „MЦЛ35“ на церемонијата во својот Центар за технологија. Автомобилот е сѐ уште во портокалова боја, со некои сини украси, но за прв пат има мат финиш.
На тоа се потпираат и Ред Бул, Мерцедес и Ферари, бидејќи покрај добриот изглед, оваа опција ја олеснува шасијата за неколку стотини грама.
Take a closer look at the #MCL35. 👀 Dressed in striking McLaren papaya and blue, she’s looking good! 🤩 #FearlesslyForward
See more 👉 https://t.co/RnoDIvEsOP pic.twitter.com/yNAy57EEV8
— McLaren (@McLarenF1) February 13, 2020
– Ми се допаѓа многу. Новиот мат дава финиш на целата работа што е поставена во овој автомобил и изгледа одлично – рече пилотот на тимот, Карлос Сајнз.
Ландо Норис, неговиот тимски колега се пошегува: „Јас сум дизајнерот!“
Шефот на тимот, Андреас Зеидел изјави дека автомобилот за прв пат бил претставен пред луѓето од целиот тим синоќа во знак на благодарност за сработеното.
– Денес е следниот чекор во нашето патување. Сепак, не треба да се занесуваме затоа што сезоната ќе биде тешка – изјави Зеидел.
A new decade of racing starts here. Say hello to our 2020 @F1 contender.#MCL35 #FearlesslyForward pic.twitter.com/TlKM7zyBIs
— McLaren (@McLarenF1) February 13, 2020