Одлучив да се повлечам од ММА спортот, соопшти Конор Мекгрегор на Твитер.
– Им посакувам среќа на моите колеги кои продолжуваат – додаде тој.
Неколку часа пред да ја објави оваа вест, на шоуто на Џими Фелон тој изјави оти е во преговори за борба.
– Преговараме да се случи во јули. Ќе видеме што ќе се случи. Има многу политика. Борбената игра е луда, но како што реков, за моите фанови, во форма сум и подготвен – рече Мекгрегор.
Ова не е прв пат тој да објави за своето пензионирање. Во 2016 година тој напиша дека донел одлука да се пензионира млад.
ФОТО: EPA/JUSTIN LANE