Досегашниот премиер на Русија, Дмитриј Медведев, очигледно не очекувал дека ќе биде сменет од премиерската функција, пишуваат руските медиуми и наведуваат дека само еден ден пред смената, неговиот портпарол им ја соопштил на новинарите агендата што ја имал Медведев во наредните десетина денови.
Според медиумите, по соопштувањето на одлуката, можело да се забележи огромен шок на лицето на Медведев, а како што наведуваат, за таквиот потег не знаеле ниту министрите во неговата Влада, кои биле дополнително повикани за да ја чујат најновата вест.
Фото: EPA-DMITRY-ASTAKHOV-SPUTNIK