Мегваер за 90 милиони замина во Јунајтед

890

Одбранбениот играч на Лестер, Хари Мегваер ќе биде идниот десен бек на Манчестер јунајтед, откако „Црвените ѓаволи“ се согласија да платат 90 милиони евра за неговите услуги.

Со оваа зделка Јунајтед го реши прашањето на десниот бек уште на стартот на преодниот рок, иако веќе долго време го меркаа Мегваер.

Имено, клубот од Манчестер одамна сакаше да го донесе во своите редови, но проблемот како и обично за вакви квалитетни играчи, беа парите. Манчестер нудеше 70, додека Лестер инсистираше на 90 милиони евра.

На крајот, Јунајтед попушти и се согласи да го плати целиот износ што го бара Лестер, со што Мегваер станува најскапиот бек досега, освојувајќи му го првото место на Вирџик ван Дијк од Ливерпул.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...