Војвотката од Сасекс ненајавено дошла да ја поддржи својата добра пријателка, тенисерката Серена Вилијамс, облечена во фармерки, црна маица и бело палто.
Косата ја носела во својата препознатлива пунџа, на лицето имала очила за сонце и бел шешир.
Публиката била воодушевена кога ја видела Меган, а нејзината опуштена комбинација привлекла повеќе внимание од тенискиот меч.
Инаку, Меган и Серена се долгогодишни пријателки, а освен тоа што тенисерката беше гостинка на кралската венчавка, се шпекулира дека токму таа би можела да биде еден од шесте кумови кои ќе ги има синот на војвотката и принцот Хари, малиот принц Арчи Харисон.
Крштевката на синот на Меган и Хари ќе се одржи утре, но ќе биде затворена за јавноста.
FOTO: royalsofcambridgeandsussex