Претставници на козметичкиот бренд „Биотулин“ ѝ предложија на Меган Маркл – за пет секунди во серијата „Форс мажор“ да биде платена пет милиони долари.
Како што објави фирмата на Твитер, во шоуто глумицата треба да се појави со еден од производите на таа компанија.
Инаку, Маркл е голема обожавателка на брендот, како и Мишел Обама и Леонардо ди Каприо, меѓу попознатите. Војвотката од Сасекс, заедно со својот сопруг – принцот Хари, има намера да ѝ се врати на кинематографијата. Според информациите, тие сакаат да прават и документарни филмови за разни општествени прашања и проблеми.
Маркл веќе почна соработка со „Дизни“, каде што го позајмува гласот за еден цртан филм. Паричните средства добиени од тоа таа ќе ги даде во хуманитарни цели.
Се појавија и гласини дека Маркл веќе бара агент и за во Холивуд