Медиумите во Португалија јавуваат дека вчера во 5 часот наутро, мајката на фудбалерот Кристијано Роналдо, била примена во болница.
Причината за тоа бил мозочен удар кој го доживеала во својот дом, по што итно била префрлена во болница.
Долорес Авеиро (65), за среќа, е во свесна и стабилна состојба, а треба да се извршат дополнителни, подетални испитувања по кои ќе биде познато дали таа ќе остане во болницата на лекување.
Откако се појавија информации дека Долорес Авиеро имала мозочен удар, се огласи и самиот фудбалер на Јувентус!
Тој преку социјалните медиуми рече дека неговата мајка е добра и побара сите да ја почитуваат својата приватност.
„Благодарност до сите за пораките за поддршка за мајка ми. Таа во моментов е во стабилна состојба и закрепнува во болница. Моето семејство и јас сакаме да им се заблагодариме на лекарите кои се грижат за неа и љубезно замолуваме во овие моменти да ни се даде приватност“, напиша Роналдо.
Италијанските медиуми објавија дека Португалецот пристигнал во болницата да биде со Долорес и најверојатно ќе го пропушти натпреварот од Купот на Италија против Милано денеска.
ФОТО: EPA / STEFFEN SCHMIDT