Маратонка го победи ракот и четири пати го преплива Ламанш

307

Американската пливачка Сара Томас стана првата која дури четири пати, и тоа без застанување, го преплива каналот Ламанш.

Томас лани го победи ракот на дојката, и испрати силна порака до сите жени кои водат борба со тешката болест.

Таа пливаше 54 часа и 10 минути во студените води на англискиот канал чии силни морски струи ја примораа да исплива дури 210 километри, иако патеката требаше да биде 130 километри.

– Најтешко ми беше да се борам со солената вода. Устата и грлото ми отекоа, но луѓето во екипата многу ми помогнаа. Водата беше студена, но мислев дека ќе биде уште пониска температурата – рече Tомас.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...