МАН ја поздравува брзата реакција на МВР за последните закани кон новинарки

522

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ја поздравува брзата реакција на Министерството за внатрешни работи за разрешница на последните закани до новинари.

„Министерот Чулев вети дека ќе се грижи за безбедноста и сигурноста на новинарите и медиумските работници и затоа МАН ја поздравува брзата разрешница на заканите кон новинарките Искра Коровешовска и Мери Јордановска. Ваквиот чекор ја зголемува безбедноста при извршување на новинарската професија, а истовремено придонесува да се зголеми уверувањето дека сите мора да ги почитуваат законите и Уставот“. се наведува во соопштението на МАН.

Во соопштението се потсетува дека постојат десетици нерешени случаи на насилство, закани и напади кон новинари и медиумски работници со цел да им се ограничи слободата на изразување, кои се очекува во следниот период да бидат разрешени.

„Правото на слобода на изразување не го вклучува само индивидуалното право на слобода на изразување, туку и остварувањето на истото од страна на медиумите. Нашата земја ги има ратификувано меѓународните правни акти и инструменти, гарантирајќи и регулирајќи ја заштита на правото на слободата на изразување. Со тоа Република Македонија има обврска за почитување, гарантирање и заштита на слобода на изразување кое во исто време е инкорпорирано во член 16 од Уставот“, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...