Политичари, баталете честитки за „Медена земја”, глејте си рекетот!

5809
Се молат политичарите, особено оние од власта, да не глодаат од успехот на „Медена земја“ прилепувајќи се со разни поздрави и честитки, туку да се фатат за работа и да го реализираат тоа што им го порачаа Тамара и Љубо, да го исчистат воздухот.
Покрај тоа, исто така, би било пристојно да се подзамислат дали не е срамно лицемерие да ја баталиш културата и да ја сместиш на најзафрлените маргини на општеството, да ја понижуваш со поставување најчесто неквалификувани и неспособни залутани кадри, министри, советници, заменици-министри и разни „фактори“ кои во најголема  мерка се навреда за културата, а од друга страна да сакаш да го делиш успехот со вистинските уметници.
Срамно е.
Вие направивте се уметниците да се чувствуваат лошо во оваа земја.
Нивните маки и страдања се само нивни и затоа и успехот е само нивен.
Затоа, глејте си рекетот!
(ФБ статус на авторката)
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...