Петнаесетгодишен малолетник од Скопје вчера бил физичка нападнат со дрвен предмет од неговиот татко С.Т.(50) по што настанала физичка пресметка во која малолетникот со остар предмет ги нападнал неговиот татко и сестра А.Т.(22), која се обидувала да ги раздели.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера во 20.33 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „391“ во Скопје, по претходна расправија настанала семејната пресметка.
Лицата биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.