Македонскиот фудбалер Митревски се ожени со хрватската пејачка Лана Јурчевиќ ФОТО

Младенците позирале и ги покажале прстените на рацете, а не ја симнувале насмевката од лицето.

2964

Постарата ќерка на фудбалскиот тренер Никола Јурчевиќ, Лана (25) во петокот се омажи за македонскиот фудбалер Ристе Митревски (28) во црквата Свети Марко во Загреб. Популарната хрватска пејачка на социјалните мрежи објави фотографија од венчавката, а нивните блиски пријатели им посакаа сè најдобро во брачните води.

„Среќно, најмили мои“, напишала пријателката на Лана.

Младенците позирале и ги покажале прстените на рацете, а не ја симнувале насмевката од лицето. Бремената Лана носела фустан од тантела и имала вел, а исто облекла и палто. Ристе бил елегантен во црно-бела комбинација.

На свадбата имало и гости од Скопје, некогашни соиграчи на Митревски од времето кога тој играше во Металург. Покрај другите тука беа Марко Симоновски и Оливер Пеев.

Се шпекулира дека парот се запознал додека во 2016 година Ристе играл за фудбалскиот клуб Истра 1961. Во ноември 2017 година, Митревски ги напуштил клубот и Пула. Дефанзивецот во моментов игра за кипарскиот клуб Еносис Неон Паралимни. Само на семејството и најблиските пријатели се познати кога парот се свршил, но Лана ги минатиот викенд се пофалила со фотографиите од моминската вечер на социјалните медиуми.

Таа уживала на забавата во „Гранд Парк“ во Ровињ, а девојките се забавувале во раскошните соби и уживале во базенот. Девојките ја „затрупале“ Лана со подароци за нејзината свадба, а присутна била и нејзината помлада сестра Лора Јурчевиќ (23).

 

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...