Македонската и пет други армии ќе го зададат „одлучниот удар“ на Криволак

206

Околу 2.700 војници од шест држави вклучувајќи ја и нашата, од денеска до 9 јули, во две ротации, на Центарот за поддршка на обуката Криволак ќе ја одржат теренската вежба „Одлучен удар“.

„Одлучен удар“ е најголемата вежба која досега се одржала во нашата земјава.

Армијата на Севрна Македонија и војската на САД ќе учествуваат со по 1.300 војници, Црна Гора со 75, Литванија 10, Бугарија 25 и Албанија со 25 војници. Со вежбата војските ќе обезбедат синхронизација на расположивите сили и капацитети и зголемување на интероперативноста меѓу силите за специјални операции на партнерските земји.

Со свое обраќање, вежбата ќе ја отвори заменик министерот за одбрана, Беким Максути, а најавено е присуство и на заменик министерот на Литванија, Витаутас Умбрасас, вршителот на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Микаела Швајцер-Блум, командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор, Павле Арсоски, како и претставници на одбранбено дипломатскиот кор од земјите кои учествуваат на вежбата во Република Северна Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...