Македонија ја совлада Ерменија во Лигата на нациите

486

Македонија ја совлада Ерменија со 2:0 во натпревар од второто коло на Лига на нациите.

Македонските фудбалери ја искористија предноста на домашниот терен и одлично го започнаа натпреварот.

Гостите во 12-та минута направија прекршок во шеснаесетникот врз капитенот Горан Пандев, а главниот судија досуди пенал, по што фудбалерот на Лидс, Езџан Алиоски, успешно реализираше од белата точка за водство на Македонија од 1:0.

На стартот од второто полувреме ерменските фудбалери се обидоа да воспостават контрола на теренот и да извршат поголем притисок врз македонскиот гол, но во 59-та минута Пандев беше прецизен и ја зголеми предноста за Македонија на 2:0.

До крајот на натпреварот македонските фудбалери не дозволија изненадувања и остварија победа во еден од двата клучни дуели во Лигата на нациите.

Македонија настапува во Групата 4 од Лига Д, а претходно на гости го совлада Гибралтар со 0:2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...