Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва со победа ги стартуваше квалификациите за Европското првенство 2020 година, и тоа со убедливи 3:1 против Летонија.
Натпреварот се одигра вечерва на „Филип Втори“, во рамки на 1.коло во квалификациите за Европското првенство 2020 година.
Езџјан Алиоски во 11-тата минута го постигна првиот гол, инаку четврти на последните шест натпревари во репрезентацијата.
На 2-0 зголеми младиот Елиф Елмас во 29-тата минута, кусо откако влезе во игра на местото на повредениот Ферхан Хасани.
19-годишниот Елмас со својот втор вечерашен погодок, најпрво го исфрли од игра директниот чувар, за потоа ефектно да ја погоди мрежата на Летонците.
Во друг натпревар од групата, одигран во исто време, Израел и Словенија одиграа 1:1 на стадионот „Сами Офер“. Во големото дерби на групата пак, Австрија загуби дома со 0:1 од Полска.
Во следното коло на 24 март играат Словенија – Македонија, Израел – Австрија и Полска – Латвија.