Македонија убедливо ја совлада Швајцарија на ЕХФ шампионатот во Скопје

365

Машката младинска репрезентација на Македонија убедливо ја совлада Швајцарија со 30:24 на ЕХФ шампионатот за ракометари до 20 години што се одржува во Скопје.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац уште од почетокот на натпреварот успеаа да вопостават контрола над играта и во првото полувреме имаа постојано водство, а на паузата заминаа со солидна предност од 17:9.

И во вториот дел македонските ракометари ја имаа иницијативата на теренот и ја задржаа високата резултатската предност до крајот на натпреварот, иако Швајцарците во последните 15-тина минути се обидоа да ја намалат разликата.

Македонија со оваа победа има пет бодови и избива на првото место во групата Б, пред Швајцарија и Украина кои имаат по четири бодови.

Претходно, македонските ракометари остварија победа над Велика Британија и реми со Италија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...