Македонската одбојкарска репрезентација за прв пат ќе учествува на Европско првенство откако вечерва со 3-0 ја победи Унгарија.
Историски успех за нашата репрезентација која се пласираше на континенталниот собир кој за прв пат ќе биде со 24 селекции.
Првиот сет го добивме со 25:21, во вториот триумфиравме со 25:20 и третиот со 25:21 по што можеше да почне големата и заслужена радост на нашите момци.