Македонец победи на Меѓународен турнир во ММА во Швајцарија

2058

На силниот Меѓународен турнир во ММА, Volketswil Fight Night, кој се одржа во Волкетсвил, Швајцарија, македонскиот борец Стефан Пецевски од клубот „Д Стронгест“ од Кисела Вода, извојува победа. Пецевски се бореше со многу поискусен противник, но сепак успеа да го совлада во третата рунда со зафат гушење (rear naked choke).

Ова денес го соопшти портпаролот на Општина Кисела Вода, Јанко Бацарија.

– Стратегијата што ја поставивме за борбата која ја прифативме пред две недели, се покажа точна и сега нашата школа од Кисела Вода има со што да се пофали. Со само неколку дена припрема, нашиот борец сепак ја доби борбата и ја претстави нашата држава и клубот во право светло – изјавил претседателот и основач на клубот Ивица Алексовски.

Пецевски моментално има профи скор од 4 борби, 3 победи  и 1 нерешена борба, а аматерскиот скор му е 4 борби со 4 победи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...