Петар Спасеновски стана европски шампион во карате.
– На Европското карате првенство што се одржа во Алборг, Данска, во категоријата јуниори до 21 година- 84 килограми, во 5 борби Спасеновски успеа да оствари 5 победи за да се искачи највисоко на пиедесталот. Петар честитаме на успехот и се гордееме со тебе – стои на официјалната страна на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, каде што студира Спасеновски.