Машко лице утринава починало во скопски Аеродром на улицата „Методија Шаторов-Шарло“.
Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека кај нив случајот е пријавен во 7.15 часот и оти нивни екипи се излезени на терен.
Оттаму велат за Плусинфо дека не е познат идентитетот, но оти станува збор за маж на околу 30 години кој починал откако скокнал од зграда.