Не ви е простено за ништо!

И нас идните генерации нема да ни простат. Затоа што знаеме сѐ и пак оставаме да правите што сакате. И не треба да ни простат...

2225

Не ви е простено за ништо, ни за сите стечајци шо ги оставивте на улица, сите животи на нивните деца шо ги уништивте уште непочнати, сите семејства шо тогаш ги растуриривте.

Не ви е простено шо ја продадовте државата за личен профит, она шо се градеше 50 години го продадовте ко да е на татко ви. Не ви е простено за сите болни кои не се излечија заради вашиот профит. Нити па за то шо го загадивте воздухот, водата, почвата, шо од Македонија направивте земја каде што може само партиски војник да никне инпроцвета.

Не ви е простено ни шо нè поделивте, да се гледаме низ нишан едни со други дур вас рацете ни се во нашите џебови. Не ви е простено што додека болниците и школите се распаѓаат вие градевте споменици и друге пичкематерине. Не ви е простено шо децата се лечат со смс дур набивате патни трошоци по 10.000 евра.

Нити па ви е простено шо на извршителите им дадовте моќ да затвараат цели семејства. Нема да ви простат ни сите оние родители кои сега се сами, а децата им се во странство и не ни сакаат да ја спомнат Македонија затоа што само на лошо ги потсеќа. Не ви е простено ни за 400.000 гладни, тука меѓу нас, додека вас милиони не можат да ве нахранат.

Не ви е простено шо земјата ја скроивте за вие да крадење дур партиски пци ве бранат, а сè што беше квалитетно си замина…

И нас идните генерации нема да ни простат. Затоа што знаеме сѐ и пак оставаме да правите што сакате. И не треба да ни простат…

(ФЕЈСБУК СТАТУС НА АВТОРОТ)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...