Поради магла повторно откажани полетувањата и слетувањата на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.
Слетувањето на авионот од Виена утрово во 7,50 е откажано. Откажано е и полетувањето за Виена во 8,20 часот. Истиот е пренасочен кон аеродромот во Скопје.
Пренасочнување на летови од охридскиот аеродром имаше и завчера, кога беше пренасочен летот од Охрид за Дортмунд од истите причини.
Од „ТАВ аеродроми“ ги повикуваат патниците за сите информации да ги следат објавите на нивната официјална интернет-страница.