Сосема легитимно е да не ти се допаѓа „Медена земја“

12803

Сосема легитимен став е да не ти се допаѓа „Медена земја“. Јеби га, Битлси имаат дислајкови на Јутуб, ништо страшно. Зошто не снимиле ваков или таков филм е на режисерите и нивниот уметнички порив. Шо сакаат ќе си снимаат, нивна работа.

Гледав 10 минути. Како скроз неписмен гледач за филм, освен сцените на природа, филмот е истото па истото како секој македонски филм, секогаш.

Од „Мирно лето“ кој е снимен во 1962-ра и партизанските филмови, нема друго во македонската кинематографија освен социјалните теми со малку надеж. Сигурен сум дека филмот многу вреди чим толку критичари му дале награди, ама не ми се гледаше уште еден македонски филм со варијација на тема сиромаштија и ликови за жалење со гајди.

Настрана тоа, стралајте ако сакате, мислам дека голем дел од целиот притисок да мора да ти се допаѓа нешто дојде и од социјалните мрежи, сите ги познавате авторите, ги тагирате, многу повеќе ги сакате после номинациите.

Тоа е исто така ваше право. Се надевам дека ќе ги освои двата Оскара за кои е номиниран и дека и натаму ќе нижи успеси.

(ФЕЈСБУК СТАТУС НА АВТОРОТ)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...