ЛШ: Реал ќе се соочи со Баерн, Ливерпул со Рома

Во полуфиналето од Лигата на шампионите (ЛШ) Реал Мадрид ќе игра против Баерн Минхен, а втората полуфинална двојка ја сочинуваат Ливерпул и Рома.

463

Во полуфиналето од Лигата на шампионите (ЛШ) Реал Мадрид ќе игра против Баерн Минхен, а втората полуфинална двојка ја сочинуваат Ливерпул и Рома.

Првите полуфинални натпревари се закажани за 24 и 25 април, а реваншите ќе се играат на први и втори мај. Финалето во Лигата на шампионите е закажано за 26 мај и ќе се игра во Киев.

Двојките за полуфиналната фаза ги извлече легендарниот украински фудбалер Андреј Шевченко, а на ждрепката во Нион присуствуваше и градоначалникот на Киев и поранешен боксер Витали Кличко.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...