Екипата на Вардар го совладат ПИК Сегед со 31-23 (14-12) во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони и со тоа си обезбеди добра предност пред реваншот во Унгарија.
Тимот на Роберто Гарсија Парондо беше инспириран од неверојатната атмосфера која ја направија македонските навивачи во преполната „Јане Сандански“, играа креативно во нападот и покажаа агресивност во одбраната.
Унгарците на неколку наврати успеваа да ја намалат резултатската разлика, но не и да поведат, а на крајот поразот е и повеќе од убедлив.
Карачиќ и Кристопанс со по 8 погодоци беа најпрецизни за вардарци, додека кај гостите се истакна Банхиди со 5 гола.
За тимот на Вардар ова беше последен натпревар во Скопје, а при позитивен резултат на гостински терен на 5 мај, „црвено-црните“ ќе си обезбедат пласман на „Фајнал Фор“ турнирот во Келн, закажан за 1 и 2 јуни во „Ланксес“ арената.