Лука Лазукиќ е осуден денес условно на три години затвор. Како што пренесува „Свет“, судијата донел одлука дека Лука е виновен и дека ја претепал поп-пејачката Наташа Беквалац, која во тој период била свежо породена, и дека оваа казна е соодветна.
Продолжена му е мерката за забранет пристап кон Беквалац додека се донесе правосилна одлука.
Адвокатот на пејачката Зоран Атељевиќ е задоволен од пресудата.
– Задоволен сум од пресудата. Со ова се потврдува дека мојата странка га зборуваше вистината пред судијата и дека врз неа е извршено кривично дело – изјавил Атељевиќ.