Над 20 милиони деца во светот ја пропуштиле годишната вакцина против морбили

Околу 169 милиони деца ја пропуштиле првата доза од вакцината против морбили во периодот меѓу 2010 и 2017 година, односно просечно 21,1 милион деца годишно, создавајќи пат за актуелната глобална епидемија, изјави УНИЦЕФ.

207

Сѐ поголемиот број невакцинирани деца создаде пат до појавата на морбили во неколку земји низ светот денес.

„Темелот за глобалната епидемија на морбили на која сме сведоци денес беше поставен пред неколку години“, изјави Хенриета Фор, извршен директор на УНИЦЕФ. „Вирусот на морбили секогаш ќе најде невакцинирани деца. Ако сакаме да бидеме сериозни и да го спречиме ширењето на оваа опасна, но спречлива болест, треба да го вакцинираме секое дете, како во богатите, така и во сиромашните земји.“

Во првите три месеци од 2019 година, пријавени се над 110.000 случаи на морбили во светот – што е речиси 300 отсто повеќе од истиот период лани. Се проценува дека 110.000 лица, од кои повеќето се деца, починале од морбили во 2017 година, пораст од 22 отсто во споредба со претходната година.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...