Леброн за поразот од Клиперс: Ова е само еден натпревар

124
ФОТО: EPA / LARRY W. SMITH

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс го коментираше поразот од ЛА клиперс (102:112) во првиот натпревар од новата НБА сезона.

– НБА се врати. Секој сака да шпекулира дека тоа било принципиелен натпревар, сериозен тест. Но, ова е само еден натпревар. Двата тима се далеку од она што сакаат да го покажат. Лејкерс имаат голем потенцијал, имаме каде да растеме. Моите грешки  во четвртиот квартал? Бев многу невнимателен. Противникот имаше корист од тоа – изјави Џејмс.

Следниот дуел на ЛА лејкерс е со Јута џез, ноќта меѓу петок и сабота.

ФОТО: EPA / LARRY W. SMITH

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...