Кулибали: Горд сум на бојата на кожата

230
ФОТО: EPA / KOCA SULEJMANOVIC

Фудбалерот на Наполи, Калида Кулибали, преку социјалните мрежи се огласи за настаните на синоќешниот дуел со Интер кога беше навредуван на расна основа од домашните навивачи.

Сенегалскиот интернационалец испровоциран од навредите, саркастично реагираше со аплауз кон судијата по што доби втор жолт картон и беше исклучен.

– Разочаран сум од поразот, но, пред сè, жал ми е што морав да ги оставам моите браќа. Јас сум горд на мојата боја на кожата. Горд сум што сум Французин, Сенегалец и „Наполитанец“ – напиша Кулибали на Твитер.

ФОТО: EPA / KOCA SULEJMANOVIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...