Кралицата им порача на Британците: Пронајдете заеднички јазик

236
ФОТО: EPA/WILL OLIVER

Британската кралица Елизабета Втора ги повика Британците да се обединат и да пронајдат заеднички јазик, во порака упатена во момент на поделби и расправи меѓу британските пратеници во врска со напуштањето на државата на Европската унија.

Во говор на Универзитет таа нагласи дека е важно „да се зборува убаво за другите и да се почитуваат различните ставови пред новите предизвици“.

– Континуираниот нагласок на трпение, пријателство силен фокус врз заедницата и земање предвид потреби на другите денес се важни колку и кога таа група е основана пред сите овие години – нагласи кралицата.

Таа додаде дека секоја генерација се соочува со нови предизвици и можности.

Кралицата даде предност на проверени рецепти како што е да се зборува убаво еден за друг, да се почитуваат поинакви ставови и да се здружат за изнаоѓање заеднички јазик и напомена дека никогаш не треба да се изгуби „широката слика“.

Тоа беше нејзин втор говор во рок од еден месец во кој зборуваше за потребата од толеранција.

ФОТО: EPA/WILL OLIVER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...