Промотивна понуда на HOYA прогресивни оптички стакла која не се пропушта

528

Подготвени сте за паметен шопинг? Искористете ја одличната промотивна понуда HOYA 1+1 која сѐ уште важи.

Со секој нарачан пар HOYA прогресивни оптички стакла, ви следува подарок – уште еден пар оптички стакла од дизајните Maxxee Photo 1.56 (кафено/сиво) во опсег4/2; Blue Control 1.50 QSP во опсег 4/3 или AddPower 1.50 во опсег +1.00 до+4.00 D.

Популарноста на прогресивните стакла „експлодираше“ во последните неколку години, сместувајќи ги во најпродавани и најпосакувани стакла. Нема потреба за два пара очила, едни за далечина, други за блиску, а го решаваат проблемот и со средната дистанца како што е компјутерот. Односно, гарантираат дека јасно ќе ги гледаме предметите без разлика на нивната оддалеченост. Значи, покрај естетските предности, прогресивните (мултифокални) стакла обезбедуваат беспрекорен вид за сите растојанија.

Современите прогресивни оптички стакла од водечкиот светски производител на оптички стакла HOYA, обезбедуваат максимална удобност во носењето и јасен фокус на сите растојанија. Станува збор за напредни прогресивни стакла со широко видно поле, исклучително лесни за брза адаптација, плус и со одлична заштита.

Произведени со премиум технологија, прилагодена за непречено извршување на потребните дневни активности. Широкото видно поле гарантира совршен вид додека возиме, работиме на компјутер или читаме.

Прогресивните оптички стакла HOYA може да ги најдете во секоја подобро снабдена оптика. Повеќе информации пак, може да добиете на Фејсбук страницата на БетаМедико

https://www.facebook.com/BetaMedicoTrading/ или на телефоните (02)3239218 и (02)3217718.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...