Крадци влегле во домот на Касемиро додека играше дерби

135

За време на натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, крадци влегле во куќата на бразилскиот фудбалер Касемиро, кој е член на Реал. Во моментот кога натрапниците влегле во домот на Касемиро, таму биле неговата сопруга и ќерка.

Фудбалерот веднаш по мечот ја дознал лошата вест и со полициска придружба бил префрлен до дома. Сопругата и ќерката не се повредени, но претрпеле голем стрес. Не се знае точно што и колку украле крадците.

Реал Мадрид одамна ги има советувано своите играчи да не објавуваат слики и видеа од внатрешноста на нивните домови, но Касемиро живее во населбата Ла Моралеха, во која живеат богати фудбалери и тие се честа мета на крадците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...