Кој му платил луксузен одмор на премиерот Борис Џонсон на Кариби?

Џонсон и неговата вереница Кери Сајмондс ја поминаа новогодишната ноќ на приватниот остров Мистик, во архипелагот Гренадини во Карипското Море.

181

Британски парламентарен комитет почна истрага за луксузниот одмор на премиерот Борис Џонсон на Карибите за да се утврди кој го финансирал, пренесуваат британските медиуми.

Џонсон и неговата вереница Кери Сајмондс ја поминаа новогодишната ноќ на приватниот остров Мистик, во архипелагот Гренадини во Карипското Море.

Британскиот премиер претходно изјави дека бизнисменот Дејвид Рос, инаку донатор на неговата Конзервативна партија, го платил одморот во висина од 17.300 евра.

Меѓутоа, Рос првично негирал дека му ја дал сумата на Џонсон, тврдејќи дека тој не поседува вила на Карибите и само му помогнал на Џонсон да организира аранжман.

Неговиот портпарол подоцна рече дека станува збор за „плаќање во натура“.

Фото: EPA-VICKIE-FLORES

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...