Во вторник, Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ќе одржи кризен состанок на кој единствена тема ќе биде потенцијално одложување на натпреварите од баражот за пласман на Европското првенство.
Македонија на 26 март треба да ја пречека селекцијата на Косово, а влезниците за овој натпревар веќе се пуштени во продажба.
„УЕФА е во постојан контакт со владите на сите држави во кои има регистрирани случаи на коронавирусот. Ќе оржиме разговори со претседателите на фудбалските сојузи и после тоа ќе донесеме конечна одлука. Здравјето е приоритет и тоа доаѓа пред спортот“, соопштија од УЕФА.