Кората на бананите е покорисна отколку што мислите! Искористете ја против акни, несоница, депресија…

Веројатно не сте знаеле дека и таа исто како и плодот се јаде, но и дека со неа можете да ги пребришете билките, да го омекнете месото па дури и да ги отстраните акните.

1031

Сите знаат колку бананите се добри за здравјето, но на малкумина им е познато дека нивната кора може да биде исто така многу корисна.

Веројатно не сте знаеле дека и таа исто како и плодот се јаде, но и дека со неа можете да ги пребришете билките, да го омекнете месото па дури и да ги отстраните акните.

Ви донесуваме неколку начини на кои можете да ја искористите кората:

Кората е полна со хранливи материи. Ги содржи витамините Б6 и Б12, како и магнезиум и железо. Во неа може да се пронајдат влакна и протеини. Кората од банана измијте ја и варете ја 10 минути за да омекне и така можете да ја консумирате, велат нутриционистите.

Омекнете го месото
За да го претворите белото месо во сочни залчиња, во тавчето ставете и кора од банана. Благодарение на неа, месото ќе биде меко и вкусно.

Исчистете ги листовите на растенијата
Со кората од банана можете да ги пребришете листовите на вашите собни билки. Ќе се исчистат од прашината, ќе се нахранат, но и ќе добијат свеж сјај.

Ослободете се од акните
Кората од банана содржи ензими што поволно дејствуваат и ја хранат кожата, па лицето премачкајте го со внатрешната страна на кората. На истиот начин кората помага и кај лекувањето на хемороидите.

Избелете ги забите
Сè што треба да направите е да ги триете со внатрешната страна на кората од банатата две минути пред миење. Брзо ќе ги видите резултати.

Намалете го чешањето
Особено по убоотд од комарец. На местото на убодот ставете кора од банана и чешањето брзо ќе престане.

Ублажете ги симптомите на депресија
Познато е дека бананата влијае позитивно на расположението. Направете чај од кора од банана. Во мал сад со зовриена вода додадете кора од две банани. Оставете ги заедно да вријат 10-15 минути, а потоа сипете го чајот во шолја. Ќе ви помогне и кај несоницата, а и ќе ви го хидрира телото.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...