Предупредување: 3 часа дневно на социјалните мрежи го уништуваат мозокот на вашите деца!

Тинејџерите кои поминуваат повеќе од 3 часа дневно на социјалните мрежи се под поголем ризик од ментални заболувања, покажува најновата студија во САД.

491

Новото време донело и нови болести на зависности. Напредокот на технологијата, колку и да го олеснува нашиот секојдневен живот, истовремено носи со себе и опасности за здравјето.

Во САД е направено научно истражување чии резултати се алармантни– тинејџерите кои поминуваат часови листајќи Фејсбук, Инстаграм и Твитер имаат многу поголеми шанси да заболат од некое психичко пореметување, какви што се депресија, осаменост, анксиозност.

Исто така, таквите деца можат да бидат многу поагресивни или пак поповлечени во однос на другите деца. Меѓутоа, проблемот е што тие други деца се многу малку.

Имено, во истата студија е утврдено дека 95 отсто од испитаните деца имаат паметен телефон, а дури 45 отсто од нив рекле дека се „речиси константно“, по цел Божји ден, „висат“ на социјалните мрежи или на Јутјуб. Иако е ова истражување направено во САД, со голема сигурност може да кажеме дека вакви резултати би можеле да се покажат и во други делови од светот, особено во Европапа и кај нас.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...