Контролор повторно нападна патник во ЈСП

403

Четириесет и осумгодишниот Н.А.(48) од скопското село Студеничани вчера попладне бил нападнат во автобус со број 67 од контролор на ЈСП „Скопје“, З.Г.(54) од село Орешани, Скопско.

Како што соопшти МВР, Н.А. случајот синоќа во 20.30 часот го пријавил во Полициската станица Кисела Вода.

Нападот се случил во 17.30 часот во автобусот, додека сообраќал на булеварот „Борис Трајковски“.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Ова не е прв случај котролор да нападне патник во градскиот превоз. Минатата недела скопјанец на возраст од 60-години вчера бил физички нападнат од контролор.

Случајот во полиција го пријавил нападнатиот маж. Инцидентот се случил на улицата „Алија Авдовиќ“ во моментот кога скопјанецот се симнувал од автобусот број 65.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...