Нема веќе музеј на ВМРО и на жртвите од комунизмот

3454

Музејот на македонската борба за државност и самостојност/ Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим, според Работната група на Министерството за култура, наскоро треба да биде преименуван во „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“. Предлогот ги возбуди духовите на политичките опоненти.

Работната група за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на НУ „Музеј на македонската борба за државност и самостојнос/Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим“ предлага досегашниот назив на оваа наша национална установа да се избрише и таа да се преименува во „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“, јави Радио Слободна Европа.

Ова е генералниот заклучок од извештајот на Работната група за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на НУ „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“ – „Музеј на ВМРО“ и „Музеј на жртвите од комунистичкиот режим“ што беше формирана на 13 март годинава врз основа на решение издадено од тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски.

Во извештајот стои и дека се констатирани низа неправилности и прекршувања на повеќе закони, и тоа: Закон за буџет и Закон за спороведување на буџет, Закон за музејска дејност, Закон за заштита на културното наследство, генералните принципи и стандарди на современата музеологија, како и упад во идентитетскиот корпус на македонскиот народ и идеолошка обоеност на музејот како целина и фаворизирање на партиски митови.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...