Контроверзниот австралиски тенисер се извини за столчето фрлено на теренот

Емоциите се огромни. Жал ми е, се извинувам Рим. Можеби ќе се видиме во иднина, изјави Кирјос.

636

Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос се извини за своето однесување за време на мечот од вториот круг на турнирот во Рим против Норвежанецот Каспер Руд.

– Емоциите се огромни. Жал ми е, се извинувам Рим. Можеби ќе се видиме во иднина – изјави Кирјос.

Во еден момент Кирјос емоционално реагираше на предупредувањето издадено од судијата. Тој го скрши рекетот и фрли стол на теренот, а потоа замина.

За таквото однесување кое се случи при резултат 1-1 во сетови, австралискиот тенисер беше дисквалификуван од судијата и при тоа го очекува парична казна и губење на АТП поени.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...