Српската компанија „Трајал“ без надомест ја чисти депонијата на застарено ракетно гориво за градобијни рекети и друг експлозивен материјал, имот на поранешната компанија АД „Теас-Темко“ во Ново Село, соопшти прес-службата на владата.
„Владата организираше постапка за продажба и чистење на теренот, согласно процедурите за управување и транспортирање на опасни материи, без ниту денар надомест за компанијата што ја спроведе постапката“, соопштија од владината прес служба.
Станува збор за неколку тони опасни и експлозивни материи лоцирани во поранешната компанија АД „Теас-Темко“, сопственост на „Макпетрол“ на просторот меѓу Ново Село и Волково. Оваа депонија беше една од најголемите загадувачки жаришта и опасност за животната средина, безбедноста и за здравјето на граѓаните.
Претходно за чистење на теренот беа побарани 850.000 евра.