Фондацијата „Реал Мадрид Кампус Експирианс“ ќе одржи камп за фудбалска едукација на момчиња и девојчиња на возраст од 7 до 17 години летово во Скопје.
Кампот ќе се одржи летово на терените кај комплексот на ФФМ и ќе има едукативен и рекреативен карактер со цел промоција на спортскиот живот и социјален развој.
Фондацијата на Реал Мадрид е присутна на пет континенти со повеќе од 3.500 учесници.
Со македонските млади фудбалери ќе работат тренери од Шпанија, на секои 20 деца по еден тренер, а на крајот учесниците ќе добијат сертификат за учество.
Директорот на Фондацијата на Реал Мадрид, Хоакин Сагес Блеса, очекува кампот да предизвика голем интерес кај македонските млади фудбалери и се надева дека ќе стане традиционален.
– Десет години го водиме кампот и многу сме горди што првпат сме во Македонија. Голема благодарност до Владата и Фудбалската федерација на Македонија кои ни даваат голема поддршка да го реализираме проектот. Ние сакаме да им овозможиме на дечињата и момчињата, од една страна фудбал, а од друга страна вредности како лидерство, тимска работа, автоконтрола и почит кон останатите – изјави Блеса на денешната прес-конференција.
Кампот на Реал Мадрид во Скопје ќе се одржи од 11-15 јуни, а „Кожувчанка“ ќе биде присутна за цело време на теренот.