КОД: Обвинителите во СЈО добивале надоместоци колку и плата, но тоа е доверлива информација

714

Обвинителите во Специјалното обвинителство, поради доверливоста на нивната работа со преслушување на бомбите,  добивале надоместок, ист колку и нивната регуларна плата, а одлуката е класифицирана доверлива информација, која сега, по разрешувањето на Катица Јанева никој не може да ја ослободи од тајност, истражува емисијата КОД на Телма ТВ.

За тие исплати, обвинителите имаат обврска да молчат до крајот на животот, а исплаќани се од ставката договорни услуги, во буџетот на СЈО. КОД ги откри и анализира и завршните сметки на СЈО за последните три години и ги спореди со оние во обвинителството за организиран криминал и корупција.

Додатоците на платата се исплаќани по основ на договорни услуги. Токму ставката за договорни услуги е највисока во финансиските извештаи на СЈО за последните три години.

За договорни услуги најмногу се исплатени во 2018 година, или 2 милиони евра. Претходната година по овој основ се исплатени 1.600.000 евра од буџетот на СЈО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...