Кога Владимир Путин ве бара, не смеете да го пропуштите повикот, а најнов доказ за ова беше прес-конференцијата по натпреварот меѓу Русија и Саудиска Арабија (5:0), кога селекторот на домаќините Станислав Черчесов мораше да одговори на телефонот.
Во еден момент рускиот стратег ја напушти прес-конференцијата за да направи исклучително важен повик.
– Ми се јави шефот на државата да ми честита и ми рече да ги пренесам неговите пофалби кон тимот, и да продолжиме да играме на овој начин – рече Черчесов.
Ова се зборовите кои тој одбра да ги сподели со медиумите, и покажа како Русите сериозно го сфаќаат шампионатот, а во прилог на ова беше и говорот на Путин, одржан на отворањето на 21-от шампионат на светот.
ФОТО: EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK / KRE