Не е лесно да се биде сопруга на успешен спортист, а тоа на своја кожа повеќепати го искусила и Мирка Федерер.
Од неа се очекува да изгледа перекрасно, да има стил, беспрекорно да се однесува, да се смее кога ѝ се плаче… но, и да има фантастична фигура!
И токму поради својот изглед претходните години Мирка често беше критикувана. Вишокот килограми не ѝ го простија па поради тоа се појавуваа наслови во медиумите како – „ дека премногу се опуштила“, „дека не внимава на својот изглед“, „дека се запоставила“…
Може да се каже дека сопругата на Роџер Федерер не ја следат епитетите гламурозна, најзгодна, најубава, но таа на овогодишниот Вимблдон покажа дека, сепак, е сето тоа, но и многу повеќе.
Силна и успешна жена!
Кога Мирка се појавила на трибините облечена во бело од глава до пети, стегната, времето на Вимблдон како да застанало.
Сите погледи биле вперени во неа. Многумина се прашувале дали тоа навистина е таа.
Фигурата ја довела до совршенство.
FOTO: Instagram/Printskrin