Ковачевски: Проблемот со водата во езерата е климатски, ние не го нарушуваме еколошкиот минимум на вода во нив

Тој на денешната прес-конфернеција на која беше потпишан договор за набавка на шест еко автобуси за РЕК Битола, уверуваше дека како резултат на производството на електрична енергија не е намалено нивото на водата во Преспанското Езеро чии води понираат преку Галичица во Охридското Езеро.

365

Хидролошката состојба во акумулациите на ЕСМ во 2019 година и на почетокот на годинава е над нивото на еколошкиот минимум, а производството на електрична енергија од хидроелектраните е соодветно на состојбата,односно намалено, изјави денеска директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Ковачевски рече дека проблемот со намаленото ниво на водата во езерата во земјава е поради климатските промени и ниското ниво на врнежи кое беше одлика на ланската година и е проблем за производството на хидроелкетраните и на почетокот на годината.

– Генерално се грижиме да не се оди под котата на еколошки минимум, туку над тоа ниво. Хидроелектраните произведуваат електрична енергија соодветно на состојбата и во овој период тие работеа со 60 отсто од капацитетот. На сметка на тоа РЕК Битола го надмина производството со 114 отсто и лани произведе 3.151 гигават часови електрична енергија. Целокупното производство од термоелктраните и од обновливите извори на енергија ги задоволува потребите на земјата. Не увезуваме енергија туку извезуваме – рече Ковачевски.

Тој на денешната прес-конфернеција на која беше потпишан договор за набавка на шест еко автобуси за РЕК Битола, уверуваше дека како резултат на производството на електрична енергија не е намалено нивото на водата во Преспанското Езеро чии води понираат преку Галичица во Охридското Езеро.

– Не дозволуваме нивото на водата во сите акумулации и во Охридското Езеро да го помине еколошкиот минимум. Секогаш сме над него, но секако не можеме да спречиме да реагираат граѓаните и невладините кои се загрижени за хидролошката состојба на езерата, но и партиите кои овој климатски проблем го користат во предизборието – рече Ковачевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...