Германија потврди: Точна е дијагнозата за коронавирусот во Македонија

4983

Лабораторија во Германија ги проверила резултатите од тестовите за коронавирусот кои се направени во Институтот за јавно здравје во Македонија и вирусолозите ги  потврдиле нашите анализи.

– Новина е дека вчера стигнаа контролите од Германија, каде ги потврдиле сите негативни и позитивни тестови на коронавирусот, што е потврда за точноста на  работата на лабораторијата во Институтот за јавно здравје. Нема нови пациенти кои се тестираат на присуство на коронавирусот, а заболената пациентка е во добра состојба. Набавката на дополнителната заштитна опрема е во тек, за да се надополнат нашите резерви. А дезинфекционите средства утре ќе се достават до основните училишта – рече министерот за здравство, Венко  Филипче, кој денеска со техничкиот премиер Оливер Спасовски, ги посети вработените на граничниот премин Табановце.

Целта на посетата е да се види дали припадниците на Царинската управа, МВР и вработените во Центарот за јавно здравје се соочуваат со некакви проблеми.

– Овој премин е најфеквентното место каде влегуваат патници од Северна Италија.  Гледаме дека работата тече одлично, се почитуваат сите насоки од Кризниот штаб за коронавирусот, се прави епидемиолошка анкета на секој патник и ако истата е позитивна, лицето се упатува кај епидемиолозите. Сметам дека има одлична координација меѓу вработените на граничниот премин и лекарите од Центарот за јавно здравје во Куманово – нагласи Филипче, кој освен на вработените, изрази благодарност за сите медиуми за навремено и точно информирање на јавноста за коронавирусот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...